Балкан

Мајданпек под мраз

Мајданпек под мраз

Можна е евакуација на жителите од градот Мајданпек доколку не биде саниран дефектот во системот за доставување електрична енергија.

Ова денеска го изјавил претседателот на српската општина Мајданпек, Дејан Вагнер.

Мајданпек веќе трет ден е без струја, вода и греење. Помош во храна и вода веќе пристигна, а општинскиот кризен штаб треба да одлучи за евентуално воведување вонредна состојба.

Училиштата и градинките не работат, а фиксна телефонија речиси и да нема. Електричната мрежа е вон употреба поради силното невреме, проследено со снег, што го зафати тој град. Во породилиштето во Мајданпек е монтиран агрегат, кој засега функционира.