Мајданпек повторно без струја

Српскиот град Мајданпек од ноќеска повторно е без струја поради нови оштетувања во преносната мрежа.

– Сите интензивно работат на решавање на проблемот, изјави за агенцијата Наташа Јаковљевиќ, портпарол на Електродистрибуција на Србија.

Во Мајданпек синоќа по речиси три дена беше обновено снабдувањето со струја.

Граѓаните од понеделникот од 17 часот беа без струја, вода и греење поради оштетувања на далекуводи по ледниот дожд и силниот ветар.

Министерот за енергетика Александар Антиќ изјави дека е лоциран проблемот во електричната мрежа.

– Го лоциравме проблемот на околу еден километар од Мајданпек на патот кон Костолац. Тоа е многу непристапен терен и екипите моментно се пробиваат кон точката на прекинувањето на дистрибуцијата на електрична енергија, изјави тој за Б-92.