Мајк Пенс пристигна во Подгорица

Американскиот заменик-претседател Мајкл Пенс пристигна во посета на Подгорица, каде беше пречекан од црногорскиот премиер Душко Марковиќ и неговата сопруга.

Американската Амбасада во Црна Гора во живо преку Фејсбук го пренесуваше пристигнувањето на Пенс.

Заменик-претседателот на САД во Подгорица пристигна со неговата сопруга. Откако ги ислушаа химните на двете држави Пенс и неговиот домаќин Марковиќ минаа покрај припадниците на гардата.

Пенс во Подгорица пристигна од Грузија, а претходно беше во посета на Естонија.

Според протоколот вечерва Марковиќ организира официјална вечера за гостинот и неговата делегација. На неа ќе присуствуваат и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, претседателот на Парламентот Срџан Дармановиќ, министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, амбасадорот на Црна Гора во САД, Небојша Калуѓеровиќ и главниот политички советник на премиерот Саша Ераковиќ.

Пенс е највисокиот американски политичар, кој ја посетил Црна Гора. Ова е негова прва посета на регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.