Свет

Мајка го изгубила бебето за време на масакрот во Ница – го нашла преку социјални мрежи

Мајка го изгубила бебето за време на масакрот во Ница – го нашла преку социјални мрежи
Тијава Бенер за време на терористичкиот напад во Ница, кога почнало стампедото, била одвоена од своето осуммесечно бебе, но благодарение на социјалните мрежи го пронашла.

Таа на социјалните мрежи напишала апел луѓето да и помогнат да го пронајде својот син.

-Изгубивме осуммесечно бебе. Драги пријатели, ако некој го видел или има било каква информација, ве молам да ме контактирате веднаш – пишувало во постот на очајна мајка.

Овој пост е шеруван повеќе од 21.000 пати, по што изгубеното бебе се пронашло неповредено.

На социјалната мрежа Твитер отворен е налог каде луѓето објавуваат фотографии од луѓе кои исчезнале за време на нападот и се обидуваат да ги најдат.

1francija