Жена и двајца студенти прегазени кај „Бисер“ во Аеродром

Жена и двајца студенти, синоќа околу 22 часот се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случила  пред трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.

Тие биле прегазени од автомобил, но за среќа поминале без сериозни повреди.  Жената била со посекотини на устата, но по укажаната медицинска помош била пуштена  дома. Исто така и двајцата студенти кои имале полесни повреди, биле хоспитализирани во Градската болница „8 Септември“, но, уште вечерта биле пуштени на домашно лекување.

Засега за несреќата нема потврда од полицијата.

97d02ce0bae5f1ef214dbd797ddf24855ab562ee5c0bf54c121816a88f962ff4