Мајка и ќерка повредени во пожар во Карпош 4

Мајка и ќерка се повредени во пожар што избил вечерва во стан во скопската населба Карпош 4.

Пожарот избил во стан од зградата број 4 на улицата Волгоградска при што две жени се повредени. Една од жените е во потешка состојба поради вдишување на чад.

Во гаснењето на пожарот, според информациите од скопската противпожарна бригада, учествувале две противпожарни возила. Причините за пожарот не се познати, но најверојатно настанал поради дотраената електрична инсталација.