ВИДЕО: Мајка и ќерка загинаа, три други лица повредени во сообраќајка кај Битола

Мајка и нејзината шестгодишна ќерка загинаа во тешка сообраќајна несреќа што денеска попладне се случи на регионалниот пат Битола – Ресен во близина на бензинската пумпа на Лукоил.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 13,10 часот кога дошло со директен судир меѓу два автомобили „форд ескорт“ со битолски и „тико“ со охридски таблички, што го управувала загинатата жена.

На местото на несреќата поради здобиените повреди починала мајката, додека девојчето починало во болница. Во возилото се наоѓало уште едно девојче, ќерка на загинатата жена, која во овој момент, како што јавува битолската ТВ ТЕРА, се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата во Битола.

Жртвите како што се дознава се од ресенскиот крај. Во другото возило повредени се две лица, но поминале со полесни повреди. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.