Македонија,Крими хроника

Мајка и син од Турција пронајдени мртви во Козле

Мајка и син од Турција пронајдени мртви во Козле
Експлозија пред зградата на СВР Скопје

Мајка и син од Турција пронајдени мртви во Козле. Нивните безживотни тела биле пронајдени утрово во куќа на улицата „Козле“.

Жртвите имале смртни повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје.

Увид на местото каде се пронајдени телата на убиените мајка и син од Турција вршат полицијата и јавен обвинител.

Засега нема повеќе информации околу убиството на несреќните мајка и син од Турција.

Јавноста во Македонија изминатиов месец беше потресена и од две убиства – убиен член и функционер на ДУИ.

Командант Шипоња убиен во Куманово

Џемаил Реџепи, познат како „Командант Шипоња“, кој воедно беше и член на ДУИ беше убиен во кумановската населба Бедиње каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири.

Според првичните информации напаѓачите во „мерцедес“ со зелена боја се доближиле до кафулето. Од прозорец додека автомбоилот бил во движење почнале рафалите кон масата на кој седел Реџепи.

Како што пишува весникот „Вечер“, Реџепи бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки и Демири биле ранети.

Во Струга убиен функционер на ДУИ

Во Струга е убиен Артан Муслуи, заменик директор на УЈП во Струга и член на Управниот одбор на ФФМ. Околу 13.20 ч. на ул. „Маркс и Енгелс“ во Струга пукано е врз жител на Струга роден 1973 година. Кон него е пукано од возило во движење марка „Голф“.

Убиецот истиот ден и е предаде на полицијата. Лицето кое го застрела Артан Муслиу е 23-годишниот А.К..

Според првичните информации, А.К. заедно со оружјето и се предал на полицијата и го признал делото.

ДУИ негира дека Муслиу бил нивни член

По денешното убиство во Струга, во јавноста се појавија информации дека жртвата е функционер на ДУИ.

Инаку, иако Асани се сметаше дека е близок до ДУИ,  денес од партијата го осудија последниот инцидент во Струга и истакнаа дека убиениот заменик директор на УЈП ниту е член на партијата ниту е партиски функционер.

Според ДУИ зад инцидентот во Струга нема внатрепартиски мотиви како во Куманово туку станува збор за инцидент со криминална заднина.

 

 

Повеќе детали за убиството на овие мајка и син од Турција кои беа пронајдени мртви во населбата Козле се очекуваат во текот на денешниот ден.