Мајка и син убиени во скопската населба Козле

Мајка и син утрово се убиени во куќа во скопската населба Козле, јавува порталот Press24,  повикувајќи се на полициски извори, пренесува Нетпрес.

Убиените се турски државјани

Мајката и синот биле турски државјани кои биле дојдени на гости кај своите сватови во нивната куќа во Козле, каде што и се убиени. Од полицијата потврдуваат дека се случило двојно убиство на улицата Козле но не откриваат повеќе детали.

Полицијата на терен, врши увид

Полициска екипа во моментов врши увид на местото на злосторството, но нема информации за евентуални осомничени сторители.