9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мајка и син загинаа во пожар во Битола

фото: apla.mk

Мајка и незиниот 17-годишне син загинале во пожар во Битола, откако утрово околу 4,30 часот им се запалила куќата.

Пожарот се случил на улица „Девеани“ во Битола. И покрај интервенцијата на пожарникарските служби, мајката и синот не успеале да се спасат.

Таткото кој бил тешко болен, излегол во дворот и побарал помош од соседите кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и се обиделе сами да го гаснат огнот кој многу брзо ја зафатил целата куќа. Но, соседите раскажуваат дека веќе било невозможно да се влезе внатре. Противпожарната единица од Битола интервенирала со 2 возила и 5 пожарникари

Увидит на истражните екипи е во тек, а причините за пожарот во кој загинаа мајката и синот дополнително ќе се утврдуваат.