Мајка и син загинаа во сообраќајка

Во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска околу 21.30 часот се случи на Ибарската магистрала, загинаа мајка и син, а две лица се тешко повредени. До несреќата дошло кога директно се судриле камион и автомобил, пренесоа медиумите.

Повредените, маж и петгодишно дете со Итна помош се префрлени во Ургентниот центар каде во тек е дијагностика.

Автомобили и автобуси на Ибарската магистала, стојат во колона долга околу 5 километри поради оваа несреќа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.