Мајка на 13 деца на 65 години повторно бремена

Германка на возраст од 65 години која веќе има 13 деца и седум внуци, повторно е бремена и носи четворка, објавија германски медиуми.

Со тоа, учителката  Анегрет Рауниг би можела да биде најстарата мајка на четворки на светот, објави телевизијата Ер-Те-Ел.

Таа се одлучила на вештачко оплодување за да исполни желба на својата најмлада 9-годишна ќерка – да има помлад брат и сестра. Бремената учителка Раунинг оваа година заминува во пензија. Претходното дете го родила на 55-годишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.