Мајка обвинета дека се обидела да го убие своето новороденче

Триесетгодишна мајка од Сиднеј е обвинета дека се обидела да изврши убиство врз нејзиниот новороден син кој по пет дена бил пронајден во канализација покрај пат откако случајните минувачи го слушнале неговиот плач.

Бебето се родило пред една недела и во моментов е прифатено во болница во критична, но стабилна состојба.

Како што јавува Асошиејтед Прес, бебето било пронајдено во канализација на длабочина од 2,5 метри покрај автопатот М7 во предградие на Сиднеј.

Мајката на бебето Саифале Наи денеска не се појави во судницата за да се изјасни за обвинението за обид за убиство, а доколку биде осудена и’ се заканува казна од 25 години.

Нејзиниот адвокат не побарал каузија и не се изјаснил во нејзино име за вината, а судијата формално ја одбил кауцијата.

Гинекологот, акушер и поранешен претседател на Австралиското медицинско здружение Ендрју Пес вели дека бебето би можело да има долгорочни здравствени проблеми.

Бебето било завиткано во болничко ќебе, а полицијата вчера попладне преку болничката архива ја пронашла мајката.