Мајка пешачела 105 километри за да му одржи лекција на министерот

Србинката Горица Лукиќ, мајка на девојче кое државата го заборавила, пропешачила 105 километри за да го привлече вниманието на министерот  за труд, вработување, боречки и социјална прашања, за тешката положба на децата заболени од ретки болети, пишуваат српските медиуми.

Горца има 46 години, завршен факултет и многу работи зад себе.  Живее во Бања Ковиљача со помала сестра, неподвижна мајка и невенчан сопруг. Нејзината постара ќерка, исто така со факултетска диплома, повремено работи во Белград…

Нејзиното помало дете боледува од стекната хемофилија, Фон Вилебрандов синдром и нарушување во коагулациата на крвта, а трајно и е оштетен и центарот за рамнотежа.

„Тоа се ретки болести, но со соодветна терапија Дарија би можела нормално да функционира и да оди на училиште. Беше одлична ученичка…“ , вели Горица.

Меѓутоа, таа мора самата да ги купува скапите лекови, исто како и другите родители на деца кои боледуваат од слични болести.

Благодарение на добрите луѓе, Горица веќе двапати ја носела својата ќерка во една турска клиника. Од вкупно 10.000 евра, нивните прилози покриле 5.500 евра, а остатокот Горица го нашла сама.

По тамошната терапија, здравствената состојба на Дарија значително се подобрила, а на почетокот на следниот месец таа повтроно ќе оди во Турција.

„Проадов се’ што имав за лекување на детето, а дел позајмив од луѓе кои обично даваат пари со камата. Мене не сакаа да ми ја врачунаат“, вели оваа горда жена.

На 11 септември, незадоволна од односот на државата кон децата кои боледуваат од ретки боести, таа се упатила кон Белград, да се сретне со министерот за труд, вработување, боречки и социјална прашања, Александар Вулин.

„Барам да се посетат сите деца со ретки болести во поплавените подрачја и да се регистрира нивната состојба. Барам за нив да се обезбеди стручно надгледување, лекови и посебна храна, а во случаите каде што е тоа потребно да се воведат парични казни за нивна дискриминација и тиа средства да се уплаќаат во посебен фонд. А, државните службеници да се казнуваат со откази доколку вршат дискриминација на тие деца“, вели таа.

Од Бања Ковиљача, на пат долг 145 километри пошла пеш. Од револт и да го привлече вниманието на јавноста за овој проблем. Дури по три дена и по пропешачени 105 километри, министерот нашол време за неа.