Македонија

Мајка сакала да го фрли детето од 4-ти кат за да го спаси од пожар

Мајка сакала да го фрли детето од 4-ти кат за да го спаси од пожар
Мајка сакала да го фрли детето од 4-ти кат за да го спаси од пожар

Пожар избувна денес на станбена зграда на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Пожар од засега непознати причини избил во стан на четвртиот кат во кој имало мајка со две деца, а набрзо се проширил во целата вертикала на зградата.

Како што пренесува порталот „Охрид њуз“ од изјавите на надлежните, мајката во паника сакала да го фрли едното дете од четвртиот кат за да го спаси. За среќа присебноста и брзата интервенција на противпожарите екипи спречиле поголема трагедија.

Пожарникарите влегле во станот и неповредени ги извадиле мајката и двете деца.

Евакуирани се стотина жители, а поради вдишување на чад десетина се хоспитализирани. Во гаснењето на овој пожар учествувале 15 пожарникари и пет возила, а во евакуацијата помагала и соседите, јавува „Охрид њуз“.

Евакуирани се стотина жители, а поради вдишување на чад десетина се хоспитализирани
Евакуирани се стотина жители, а поради вдишување на чад десетина се хоспитализирани