Мајката на бебето кое загина во сообраќајката кај Демир Капија се бори за живот

Тројца од повредените во тешката сообраќајна несреќа кај Демир Капија, во која почина бебе, се на КАРИЛ. Од нив две возрасни лица се со посериозни повреди, а едно дете со полесни повреди односно со скршеница на нога, но е во добра здравствена состојба. Во тешка состојба е и 30- годишната мајка на бебето кое почина

Едно лице е хоспитализирано во Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“, а двајца полесно повредени во Градската општа болница „8 Септември“.

Шест од седумте тешко повредени пациенти од тешката сообраќајна несреќа првично биле пренесени во Велешката болница, а оттаму поради сериозноста на повредите биле препратени во Скопје, додека осумесечното бебе починало на пат кон Велешката болница, пишиува „Курир“.

Инаку, сообраќајната несреќа меѓу двете патнички возила со српски регистарски ознаки, се случи изутринава кај местото викано Арсова лака меѓу Демир Капија и Удово, во момент кога возилата се разминувале.

Во двете возила имало осум патници од кои три биле во Форд Фиеста, а пет биле во Шкода Фабија.

– Увидот е направен од страна на јавен обвинител од Кавадарци и во соработка со увидната екипа од полициската екипа од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Неготино. Во моментов сообраќајот на овој потег се одвива нормално меѓутоа беше неопходно за одреден период утрово да биде запрен, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Повредените се на возраст меѓу 20 и 34 години, а меѓу нив има и едно петгодишно дете.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.