Балкан

Мајката на загинатата Анастасија сакала да се фрли од тераса

Мајката на загинатата Анастасија сакала да се фрли од тераса

Спречена нова трагедија во семејството Стајиќ. Мајката на шестнаесетгодишната Анастасија, која заедно со нејзините двајца пријатели загина во БМВ-то кое летна во водите на Дунав, сакала да се фрли од тераса кога разбрала дека нејзината ќерка е мртва, пренесуваат српските медиуми.

– Беше страшно и потресно, плачеше и ја довикуваше ќерка си, велејќи дека таа била се` на светот за неа. Се залета да скокне но за среќа нејзините роднини кои беа покрај неа реагираа брзо и ја спречија, изјавил извор близок до семесјтвото Стајиќ.

Тој додал дека се уште не се знае кога Анастасија ќе биде погребана и дека целото семесјтво е скршено од болка и нема сила да зборува за трагедијата.

Инаку, Анастасија настрада во саботата околу 3:40 часот наутро заедно со своите пријатели 18-годишниот Немања Антиќ и 20-годишниот Милош Јанковиќ. Истрагата потврди дека Душан Јовановиќ кој управувал со возилото за време на несреќата имал над еден проомил алкохол во крвта и дека воопшто не кочел пред  БМВ-то да излета од патот.