Мајкл Фелпс му се враќа на пливањето

Американскиот пливач Мајкл Фелпс, му се враќа на пливањето, соопшти неговиот тренер Боб Бауман.

„Тој е во одлична физичка состојба. Ако во наредните два месеци исплива добра трка, тогаш ќе биде подготвен и да настапи на шампионатот во Ирвајн. Но, ниту тоа не му е потребно за да се вклучи напорно во програмата за настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 година“, изјави Бауман.

Фелпс има освоено 22 олимписки медали, од кои 18 златни .Тој пред две години по завршување на ЛОИ во Лондон најави дека и’ става крај на кариерата, исполнета со неверојатни успеси и соборени многу светски рекорди.