Свет

„Мајкрософт“, „Оракл“ и „ХП“ воведоа санкции против Русија

„Мајкрософт“, „Оракл“ и „ХП“ воведоа санкции против Русија

Американските софтверски корпорации „Microsoft“, „Oracle“, „Symantec и Hewlett- Packard (HP)“ се приклучија на санкциите на САД против голем број руски компании и банки, пишува рускиот весник „Газета“.

Весникот се повикува на информација од банка „Русија“ во која се наведува дека банката  која се најде на црната листа за санкции очекува секој момент да и биде суспендиран софтверот од страна на „Microsoft“, а на ваква опасност се изложени и други те банки и компании кои се на списокот од листата на САД за санкции. Тие се подготвуваат да преминат на услуги од руски софтверски компании.

Од „Microsoft“ и „Oracle“, според весникот  имале средба и со претставници на друга казнета банка и ги предупредиле да се подготвуваат за прекин на услугата.

На американските компании им се забранува да имаат каков и да е бизнис со оние кои се во списоците било да се физички или правни лица.

„На руските компании сепак ќе им биде многу тешко да се придвижат кон опрема од родната земја зашто 90 отсто од нив се со странски софтвер“, заклучува весникот.

САД и ЕУ, како дел од санциите, ги  замрзнаа сметките на руските граѓани  во американските банки и им е забрането влегување во САД на 15 влијателни руски личности.