Спорт

Макаби е новиот шампион во Евролигата

Макаби е новиот шампион во Евролигата

Кошаркарите на Реал (Мадрид) и покрај тоа што важеа за големи фаворити за освојување на Евролигата, не успеаја да се искачат на врвот на Европа, откако во финалето на фајнл форот во Милано беа поразени по продолжение од Макаби Тел Авив со 98:86.

Макаби заслужено по девет години повторно е на врвот од Стариот континент освојувајќи го својот шести европски трофеј. Последен пат Израелците беа шампиони на Европа во 2005 година, па сега по девет години пауза на извонреден начин стигнаа до круната.

Херој на победата на Макаби беше Тајрис Рајс со 26 поени, дополнети со четири скока и две асистенции, додека умешно го следеа и Хикман со 18 поени и Девин Смит со 15 поени. Во тимот од Шпанија, Родригез имаше 21 поени, а Руди Фернандез мечот го заврши со 15 постигнати поени.
Реал по 19 години останува без европска кошаркарска титула. Последен пат „кралевите“, беа шампиони на Европа беа во 1995 година.

За најкорисен играч во финалето на турнирот беше прогласен Тајриз Рајс. Тој речиси сам го победи Реал Мадрид, а посебно беше неверојатен во продолжението, кога се решаваше победникот. Од вкупно постигнатите 26 поени, дури десет даде во дополнителните пет минути од средбата.