четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 69

Макарони со мелено месо и печурки

makaroni-meso-pecurki-1

Поврзани вести

Ако не сте премногу вешти во подготвувањето храна, а сте љубител на добрата храна, еве еден вкусен и брз рецепт што е идеално решение за вас.

Состојки:

  • 300 грама мелено месо
  • 300 грама шампињони
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 300 грама макарони
  • 3 јајца
  •  Масло
  • 1 павлака
  • Малку кашкавал
  • Зачин и бибер

Подготовка:

Испржете го исечканиот кромид па додадете мелено месо, а потоа и сечкани шампињони. Потоа на крај додадете исечкан лук, зачин и бибер.

Макароните сварете ги, па во нив додадете пропржени шампињони.

Изматете јајца, па додадете и павлака и промешајте, а потоа се ставете во макароните. Се префрлете во  плех и додадете рендан кашкавал.

Поптпечете го на 200 степени, околу 30 минути.

Најчитани вести