Макавија: Жал ми е за Тијана, но и за мојот син! Нека ја издржи казната!

Макавија Ѓуриќ, мајка на Драган Ѓуриќ, кој монструозно ја уби Тијана Јуриќ, во својот дом даде потресна изјава. Таа живее како кираџика во една куќа во Сурчин и вели дека не го образовала својот син бидејќи немала пари. Како што дознава, спрпски „Курир“, Драган не се дружел со никој, освен со мајка му и сестра му, кај која бил на одмор. Мајка му искрено жали што нејзиниот син ја убил Тијана.

dragan-djuric_ff

„Дознав вчера кога се вратив од работа. Никој не ме извести дека Драган е уапсен. Ја отклучив врата од куќата и затекнав хаос. Во еден момент здогледав дека го нема пиштолот. Најпрво помислив дека Драган отишол да се убие. Истрчав кај снаата и таа ми рече дека кај нас била полицијата“, вели Макавија.

„Ништо не укажуваше на тоа дека тој можел да стори такво нешто. Не можам да верувам дека еден човек може да направи нешто такво. Тој беше добар и чесен, се грижеше за мене, само немаше пари. Не дека е мој син, но и понатаму не можам целосно да верувам дека овој грозен чин го направил мојот син. Навинстина ми е жал за девојчето, но жал ми е и за моето дете“, додава Макавија.

На крај таа вели дека нејзиниот син треба да одговара за своите дела и дека треба да ја одлежи казната која ќе ја добие.

Инаку Александра Томиќ, сестрата на Драган Ѓуриќ, убиецот на Тијана Јуриќ, на својот фејсбук профил на 28 јули го споделила апелот на таткото на Тијана да им се помогне да ја пронајдат.

aleksandra-duric-foto-fb-1407411138-547349