Македонците може да аплицираат за Чивнинг стипендии

Македонците може да аплицираат за Чивнинг стипендии. Овој тип стипендии се доделуваат на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство.

Талентираните професионалци од разни области од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Република Македонија имаат можност да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање, спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт, пренесе МИА.

Како што информира Британската амбасада во Македонија, Чивнинг стипендијата се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Оваа стипендија нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2016 година. Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 3 ноември 2015 година.

Македонците може да аплицираат за Чивнинг стпендии
Македонците може да аплицираат за Чивнинг стпендии

Стипендиите се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.

Условите што заинтересираните кандидати е потребно да ги исполнуваат се следните: да се државјани на земја за која се отворени Чивнинг стипендии и да планираат да се вратат назад по завршувањето на студиите и да имаат додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование.

Лицата треба да биле работно ангажирани најмалку две години пред да аплицираат за Чивнинг стипендија, да исполнуваат минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг и да немаат пречки за добивање на виза и да добијат неусловена понуда од Британски универзитет.

Кандидатите за повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање, може да се информираат на  www.chevening.org

Во 2015 година се доделени стипендии на девет кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.