понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 47

Македонци ќе се натпреваруваат за глобалната награда на НАСА

Оваа година, на настанот учествуваа 120 учесници, кои предвидените 48 часа работеа на предизвиците поставени од НАСА.

Македонци ќе се натпреваруваат за глобалната награда на НАСА

Македонци ќе се натпреваруваат за глобалната награда на НАСА

Последни вести

Од 22 до 24 април во просториите на „Њу менс бизнис акселераторот“ по четврти пат се одржи „Спејс апс челинџ“ натпреварот на НАСА.

Оваа година, на настанот учествуваа 120 учесници, кои предвидените 48 часа работеа на предизвиците поставени од НАСА.

Првопласираниот тим имаше проект за изработка на џет-пек каде што понудија иновативно концепт решение за овој предизвик.

11

Тоа а што сакавме да го постигнеме е да направиме нешто поразлично од она што сите го замислуваат кога ќе се спомне џет-пек, односно употреба на горива за негова работа, исто така сакавме да употребиме најнова и најдобра технологија за негова целосна изработка и колку што можеме повеќе да го користиме сонцето како извор на енергија за работа на нашиот уред, изјави Горан Јованоски

Второпласираниот тим на предизвикот „Спејс рута 66“ креираа виртуелна реалност која што нѐ носи чекор поблиску до Кенеди спејс центарот.

4

 Развивме апликација од едукативен и рекреативен карактер, со која корисниците ќе можат да видат како изгледа Кенеди Спејс Цeнтарот денес и како ќе изгледа во наредните 50 години, додава Стефан Таушанов.

Наградата „Избор на публиката“ е во рацете на тимот кој го покри предизвикот „Не го уривај мојот дрон“ каде што се создаде апликација што дава спецификации за теренот и забранетите зони за летање.

3

Главната цел на нашиот проект е да го поедноставиме начинот и контролата на летање на дроновите кои што се користат во домашни или некомерцијалnи услови. Под името „Не го уривај мојот дрон“, сакаме да и помогнеме на НАСА со тоа што ќе направиме апликација која автоматски ќе ги контролира сите параметри потребни за летање на дронот и на еден начин ќе му помогне на човекот кој го лета дронот полесно да се снајде во околината, изјави Филип Макрадули, еден од учесниците на натпреварот.

Тимовите  започнуваат со подготовките за глобалниот натпревар, каде што ќе се пласираат во една од категориите: „Најдобра употреба на податоци“, „Најдобра употреба на хардвер“, „Најдобар концепт на мисија“, „Галактички импакт“, „Најинспиративен проект“ и „Избор на публиката“.

Тимовите имаат 5 дена за да ги доразвијат своите решенија и да испратат кратко видео кое ќе го привлече вниманието на глобалните судии и ќе им донесе една од глобалните награди.

1

Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти, а најдобрите шест ќе имаат можност да присуствуваат на лансирање ракета од седиштето на НАСА.

Најчитани вести