Македонци од Албанија се бркаат од работа по етничка линија

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија, Ирма Бараку, оствари средба со Македонците избркани од работа, по нивно барање.

Откако ги слушна нивните искази дека се избркани од работа само поради етничката припадност, без претходно направен прекршок на работа, таа им подели формулари за жалба ветувајќи им притоа дека ќе ги разгледа сите и максимално ќе помогне во рамките на нејзините надлежности.

Kомесарката Бараку е позната по тоа што по дивеењето на Ултранационалистичката алијанса „Црвено-црни“ пред две години во Пустец нареди Алијансата јавно да се извини. Откако во рок од 30 дена од донесувањето на оваа одлука тоа не го стори тоа, ултранационалистите беа парично казнети.