Македонци од дијапсората инвестираа во хотел на Преспа

Уште една инвестиција реализирана од Македонци од дијаспората. Семејството Нечовски по речиси 27 години поминати во САД се врати дома за токму во Отешево да ја продолжи својата успешна приказна.

Тие купиле стар хотел на брегот на Преспанското Езеро и го обновиле, а со што придонесуваат кон развјот на туризмот во нашата земја.

Лилјана и Љупчо Нечовски
Лилјана и Љупчо Нечовки

Хотелот бил единствениот функционален туристички објект кој располагал со 21 соба во регионот и не требало многу за Љупчо и Лилјана да одлучат да инвестираат. Одлучиле да го купат хотелот, да се вратат во Македонија заедно со синот Александар и ќерката Кристина кои доаѓаат во посета во време на летниот период за да помогнат.

Во 2012-тата хотелот за прв пат бил отвотен со неговото ново име „Лејквју“.

За нас беше прекрасно искуство да се вратиме назад во татковината и да се оддолжиш преку развој на капацитет што има толку голем потенцијал. Немавме големи очекувања, затоа што никогаш не сме имале хотел или ресторан, но потрошивме доста време за да научиме се што можеме за работата. Повторно ја откривме областа, се сречававаме со луѓето во областа и учевме за предностите на Преспанското Езеро. Работевме за да ги подобриме условите во хотелот и веднаш по отворањето гостите почнаа да доаѓаат. Следната година голем дел од гостите се вратија и бизнисот навистина тргна. Сме имале гости од цела Македонија но и од цела Европа. Ова лето имавме групи од Франција, Данска, Холандија и Шведска. Повремено ни доаѓаат и гости од САД и Канада. Голем број гости во хотелот, се гости што се враќаат од година во година или пак доаѓаат со препорака од нашите претходни гости, вели Александар Нечоски, син на сопственикот на хотелот Љупчо.

Како што вели Александар Отешево е мошне мирно место и природата е прекрасна.

lejkvju-22

Тоа е идеално место за одмор. Луѓето доаѓааат за да уживаат во локалните специјалитети во нашиот ресторан, за да пешачат, да веслаат кајак во езерото или само да пливаат и да се сончаат. Некои доаѓаат со опрема за риболов, некои со велосипеди и возат на Галичица, која ги одвојува Охриското и Преспанското Езеро, вели тој.

На прашањето кои се неговите препораки за македонските иселеници што размислуваат да инвестираат во Македонија, Александар вели:

Луѓето што сакаат да инвестираат мора да бидат храбри и да бидат трпеливи. Македонија се развива, не само во туризмот и во услужните дејности, туку и во многу други сектори и постојат можности што треба да ги одредите. Има луѓе што доаѓаат со добра идеја, со силна волја, кои со себе го носат сопственото искуство и работната етика, па на крајот успеваат. Мислам дека секој би требало да доаѓа, ако не скоја година, тогаш барем на неколку години за да се запознае со можностите за живеење и работење овде.