Македонија

Македонци од Словенија: Несфатлив е предлогот дијаспората да не гласа

Македонци од Словенија: Несфатлив е предлогот дијаспората да не гласа

Македонци од Словенија упатија протест по повод предлогот дијаспората да не гласа на наредните избори. Тие велат дека за нив несфатлив е предлогот да се укине правото на глас на Македонците од дијаспората.

Во свое име како и во името на сојузот македонски културни друштва во Словенија каде делувам како подпретседател, во име на Македонско словенечкиот бизнис клуб, каде сум претседател и МКД Билјана Марибор, каде што исто така сум претседател, изразувам нездоволство и протест до барањата на опозицијата за укинување на фундаменталното право – правото на глас да биде укинато, се вели во соопштението потпишано од Бобан Пијанманов.

И ние деца сме на Македонија, и ние секојдневно учествуваме во градењето на современа и самостојна Македонија и нема да дозволиме политичари од типот на Заев да ги деградираат придобивките, правата и обврските на диаспората. Делуваме на сите подрачја промовирајки ја нашата Македонија, работиме на подобрувањето на македонскиот имиџ во светот, остваруваме нераскинливи пријателства. Ги култивираме кај нашите сонародници македонската самосвест и македонското национално самочувство, да го развива чувството на заемна љубов и самопомош меѓу своите сонародници, да ги чува македонските обичаи, песни и умотворби, да ги величи и да ги цени високиот идеализам и подвизите на своите татковци и дедовци и, со се што прави, да создава пријатели на Македонија, стои во реакцијата.

Многу европски народи на својата дијаспора, меѓу кои и словенечкиот, го остваруваат своето есенциално демократско право гласање на избори за претсавници во нивните парламенти. Не дозволуваме укинување на овие фундаментални демократски права за македонската дијаспора.

Друштвото на Македонци Илинден-Тирана остро ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на Македонците надвор од Македонија да гласаат за претседателски и парламентарни избори во земјава во трите изборни единици во дијаспората.

За нас, предлогот за одземање на правото на глас  на Mакедонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Република Македонија.

Бидејќи ние Mакедонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме  право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и  интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата.

Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното  доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги уживаправо на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија.

Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците, стои во соопштението.

 

 

Голем број здруженија на Македонци кои живеат во странство не го поддржуваат предлогот да се укине нивното право на глас.