Македонци ограбени во Грција додека спиеле

Македонци ограбени додека спиеле во Торони, Грција.Настанот се случил на втората ноќ од престојот во туристичкото место на вториот крак.

– Бевме сместени во студио и додека спиевме, во 3:30, некој ни провали во собата. Јас одеднаш се разбудив и видов силуета од човек пред креветот како бара нешто во натказната. Собата беше многу мала и тој стоеше веднаш до креветот. Имаше многу мала светлина од надвор и видов дека човекот е висок црнец со подолга коса. Почнав силно да викам и го разбудив мојот дечко кој спиеше до мене. Тој веднаш скокна од кревет и почна да вика на цел глас. Ограбувачот почна да бега и прескокна многу висок ѕид и го снема во темнината. Толку бевме исплашени што има човек во собата и не знаеме што сака да ни направи што не ни помисливме дека нè ограбува.

Парот, кој замоли да остане анонимен, раскажува дека предметите што провалникот се обидел да ги украде ги фрлил, најверојатно за полесно да избега. Сите соседи се вознемириле од викањето, а сопственикот викнал полиција која не била многу заинтересирана.

Целиот текст прочитајте го на ЕКОНОМСКИ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.