Македонци станаа гинисови рекордери

Александар Чекоров и Александар Смилков и официјално се нови гинисови рекордери во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање кола од двајца луѓе за време од 24 часа“. Новиот рекорд изнесува 95,07 километри.

Претходниот рекорд поставен во 2008 година од страна на двајца Американци беше 82,4 километри.

Чекоров е речиси 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање и е првиот Македонец што има истрчано 100 км (1997 година), а се уште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км и 3 место во апсолутен пласман).

Смилков е фитнес тренер и активен маратонец. Во Маратонското трчање е од 2009 година, како член на  А.К Еndurance.mk , а најуспешна година му е 2014 кога заедно со Скопско Ноќно Трчање истрча шест полумаратона и два Маратона (Солун, Љубљана).

Гинис вчера официјално на нивната веб-страница го објави и потврди новиот рекорд на Чекоров и Смилков.