Македонците 16-ти најпаметен народ во светот

Македонскиот народ се најде на 16-тото место на листата за интелегенција на 113 држави во светот спроведена од група истражувачи, а која беше објавеноа на интернет порталот Photius.com.

На првото место од ранг листата се најде Сингапур со просечен коефициент на интелегенција од 108, а потоа следат  Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105. Од просторите на Балканот најдобро е рангирана Словенија која е на 15-тото место со коефициент од 96, па Бугарија на 14-тото место со 93, Грција на 15-то со 92, Албанија, Босна и Херцеовина и Хрватска ја делат 17-тата позиција со просечен коефициент од 90.

Истражувањето е спроведено од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тат Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс.