Македонците муслимани ќе добијат високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ

Македонците муслимани добивале, но и ќе продолжат да добиваат високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ, најави премиерот и лидер на владејачката партија, Никола Груевски, на митингот во Струга.

„На листата за патеници на ВМРО- ДПМНЕ со коалицијата ќе има место во добитничките мста на најмалку двајца Македонци со муслиманска вероисповед за да можеме заедно да се бориме за подобрување на животот во тие краишта…Во извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе уште еден член од муслиманска вероисповед“, рече Груевски.

Тој се заложи за активно подобрување на нивната состојба преку реализација на повеќе проекти, бидејќи оваа група на луѓе биле маргинализирани во изминатите години.