Македонија

Македонците муслимани навредени од изјавата на Реџепи

Македонците муслимани навредени од изјавата на Реџепи

Реисот Сулејман Реџепи ги навреди Македонците муслимани за кои рече дека се хибридна и вештачка појава.

Оваа изјава јави револт кај граѓаните, а денес преку соопштение реагираа и пратениците во македонското Собрание кои се Македонци муслимани.

Во изјава за Сител, Алим Билали вели дека изјавата на Реџепи ги навреди сите и истата ја нарече дрска.

-Зачудени сме и навредени од оваа изјава на поглаварот на ИВЗ. Таа е дрска за околу 100.000 граѓани во Република Македонија кои се чувствуваат како македонски муслимани, говорат македонски јазик како нашите дедовци, прадедовци ги пееле македонските песни, ја негувале традицијата и обичаите. Оваа изјава не оди кон мирољубивост во самата заедница, туку кон делење по основ на она како што ние се чувствуваме, рече тој.

Целото негово гостување, погледнете го во продолжение.