Македонците најмногу паѓаат на „фејк њуз“, Македонија на дното за медиумска слобода

Македонија се наоѓа на дното од листата според индексот на медиумска слобода, како и писменост во истражување на 35 земји во Европа.

Како главни елементи за формирање на оваа оценка се контролираните медиуми (државни и приватни), ниската стапка на медиумска писменост, како и недостатокот на доверба кај другите, се вели во новата студија на Институтот отворено општество во Бугарија.

Едукацијата е клучна компонента за општото образование, како и за медиумска писменост  – смета авторот на извештајот, Марин Лесенски, програмски директор  на Програма за европски политики  во рамки на институтот.

Индексот на медиумска писменост бил креиран во 2017 година, како одговор на феноменот поврзан со околностите во кои објективните факти се помалку влијателни во обликувањето на јавното мислење, отколку апелирањето кон емоции и лично убедување.

Студијата има за цел да го измери влијанието на лажните вести и нивните последици во голем број европски земји.

Според истражувањето, земјите од Балканот најмногу потпаѓаат под влијание на лажните вести и понатамошното влијание од тие вести, за разлика од земјите во Западна и Северна Европа.