Македонците не се откжуваат од аранжманите во Грција

Македонците не се откжуваат од аранжманите во Грција

Засега нема откажување на аранжманите за Грција, велат од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, објави МИА.

– Агенциите немаат откажувања за Грција. Ја следиме ситуацијата. Во моментот и не е толку опасно со оглед на тоа што нашите туристи во Грција повеќе одат во апартманско сместување. Ако банките се затворени тогаш може да дојде до затворање на одредени бензински пумпи или големи маркети. Може да се случи се, но сметаме дека нема да има проблем, изјави Славе Сирачевски, заменик претседател на Здружението за угостителство и туризам.