Македонците од Албанија децидни: Заев го уценува целиот македонски народ

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ги осудува постапките на Соцјалдемократскиот Сојуз. Тие преку соопштение се обратија до  целокупната македонска јавност во врска за последните настани што се случуваат во Република Македонија.

Тие сметаат дека СДСМ со своите постапки  сака да ја донесе  државата во ситуација  која ќе и донесе несогледливи последици, како  на домашен така и на меѓународен план.

– Соцјалдемократскиот Сојуз како најголема опозициона партија во сите овие изминати години не успеа да го подигне својот демократски капацитет и проблемите да ги решава во собранието на Република Македонија како највисок орган во државата. Политиката на закани и уцени е удирање по основните фундаменти на демократското општество која што најголема бенифиција ќе им донесе на непријателските структури кои работат на непризнавање и уништување на македонскиот нацијонален идентитет, на уништување на македонскиот јазик, македонската култура на македонското постоење, се вели во соопштението.

Според нив лидерот на СДСМ Зоран Заев на недоличен начин со уцени и закани го уценува не само државниот врв туку и македонскиот народ.

– Лидерот на најголемата опозициона партија наместо  своите легитимно избрани пратеници да ги внесе во светилиштето на демократијата, Собранието на Република Македонија, на нај недоличен начин со уцени и закани, под директива на тајни странски служби кои работат на уништување на нашата татковина,  го уценува целиот легитимно избран државен врв, го уценува македонскиот народ.

Од македонските друштва во Тирана “Илинден” и  “Илинден”- Огранок Голо Брдо сметаат дека таквото недржавничко однесување, таквиот манипулативен однос кон сопствениот народ, треба да бидат санкционирани согласно уставот и законите на Република Македонија.

– Ние македонците кои живееме во Р. Албанија апелираме до сите граѓани на Република Македонија да бидеме сплотени, да бидат единствени и да не потклетна на провокациите сервирани од страна на СДСМ и нивниот лидер, се наведува во соопштението.