Македонците од Австралија: Однесувањето на Заев е велепредавство

Најновите збиднувања во Република Македонија не не оставија рамнодушни и на писмено би сакале да го изнесеме нашето незадоволство за тоа како некои политичари во Република Македонија се со цел да дојдат на власт се поигруваат со довербата на граѓните која се заслужува на избори, а не преку соработка со странски тајни служби како и уцени и закани до највисоките државни органи.

Ова се наведува во соопштението од Македонската добротворна органицација од Мелбурн, кое во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Овој  е најдолниот чин на политичко однесување од страна на било кој политичар во Македонија досега и е срам за демократијата .

Секаде во светот се добива власт само со презентирање на  креативна и просперитетна програма за сите граѓани, а не со вакво велепредавство кое се гледа и се цени како најнизок степен на комуникација која не би се очекувала од еден  политички лидер.

Во Австралија, Македонците останаа запрестатени од овој срамен чин кој досега се нема случено од постоењето на Македонската држава.

Засрамени сме од сето ова и безрезервно ја даваме подршката на Владата  на Република на Македонија да продолжи со она за што е избрана, економските реформи, отварање на нови работни места и подобрување на животниот стандард за сите граѓани на Република Македонија.

Ваквиот велепредавнички начин на однесување ќе има сериозни последици по угледот на нашата држава во меѓународната заедница како и насекаде во светот.

Искрено, се надеваме дека таканаречениот политичар ќе донесе мудра одлука, дека разумот ќе ја надвладее гордоста и преовладува љубовта кон својата земја и народ иго прекине овој процес на великопредавство на земјата која ние е оставена од нашите предци да ја градиме за нашите идни генерации.