Македонија

Македонците од Австралија со остра реакција на барањето македонската дијаспора да не гласа

Македонците од Австралија со остра реакција на барањето македонската дијаспора да не гласа

Со соопштение по повод барањето на опозицијата за укинување на Пратениците од  Македонската дијаспора во Македонскиот Парламенти излезе и Македонската Заедница во Австралија од Нов Јужен Велс – Сиднеј.

Од Заедницата потсетуваат дека одлуката за право на Глас што го доби дијаспората своеврмено бепе топло поздравено од сите Македонци кои живеат во Австралија.

Гласачкото право на Македонците во Австралија има големо значење за македонската дијаспора зашто со овој чин ние кои живееме на просторите од овој далечен континент се почувствувавме поблиску до нашата родна татковина. Овој чин го почувствувавме како повик и ние да го дадеме нашиот допринос за развојот и просперитетот на Македонија. Како што на многумина ви е веќе познато бројот на македонски бизнисмени кои инвестираат во Македонија рапидно се зголемува секоја година напредно со годишните посети од Македонците кои живеат во Австралија. Правото на глас на Македонците во дијаспората им овозможува и тие да имаат свој дел во предлозите за промени на регулативни мерки со кои ќе се забрза трговската размена меѓу Македонија и Австралија, туризмот, инвестирањето во инфраструктурите, условите за инвестирање во нови бизниси како и соработка на културен и образовен план, велат тие.

Македонската Заедница во Австралија посочува дека правото на глас од дијаспората и можноста да се има претставник во Законодавниот дом на Македонија преставува клучен елемент во напорите да се зголемат инвестициите и соработката меѓу Македонија и Австралија.

Правото на глас на дијаспората има уште поважна улога во издигнувањето на свеста кај младата генерација Македонци кои се изложени на англо-саксонска асимилација. Можноста за гласање овозможена преку  поседување на валидни пасоши ја зголемува потребата за поседување на патни исправи со што се негува и зголемува патриотското чувство особено кај младите Македонци. Поради горенаведените причини, од името на Македонската заедница, апелирам да Македонците од Австралија да имаат свој претставник во законодавниот дом на Македонија и право на глас. Верувам дека секој родољубив Македонец ќе се согласи со овој апел, наведуваат во соопштението.

 

 

СДСМ упати барање за укинување на правото на глас на Македонците во странство на претстојните предвремени избори кои треба да се одржат во април наредната година. Барањето наиде на негативни реакции кај голем бој здруженија на Македонци ширум светот.