Македонците од Данска разочарани од кампањата на опозицијата

данска

Со огромно разочарување ги следиме срамните јавни настапи на г-динот Заев на митинзите на СДСМ дека не се залага за федерализација и дека нема да го промени Уставот на Р. Македонија а во исто време на повеќе настапи по национални и странски телевизии, како и на средби со албанската дијаспора, јавно заговара промена на Уставот, двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација на нашата Татковина, велат Македонците од Данска.

Во предвечерието на овие референдумски избори, нагласуваат тие македонскиот граѓанин е повторно пред големо искушение за зајакнување на нашиот интегритет и суверенитет и по којзнае кој пат повторно гордо ќе се справи со нашите домашни предавници и странски емисари. Македонската дијаспора како нераскинлив дел од македонското ткиво, категорично се спротиставува и ќе се спротиставува во иднина на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија.

Македонија и после овие тешки искушенија повторно ќе се надкрене уште посилна давајќи им до знаење на сите домашни и странски непријатели дека сме поминале и уште потешки времиња од ова и дека секогаш сме опстојувале. За Македонија се работи, порачуваат Македонците од Данска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.