Македонија

Македонците од Германија го осудија чинот на СДСМ за насилно уривање на власта

Македонците од Германија го осудија чинот на СДСМ за насилно уривање на власта

Македонски Клуб „Илинден” од Хановер, Сојузна Република Германија, ги осудува постапките на лидерот на Соцјалдемократскиот Сојуз во врска со обвиненијата за сторени кривични дела шпионажа и обид за насилно уривање на уставниот поредок, со цел формирање на техничка влада и предвремени парламентарни избори, преку поседувањето и манипулирањето со документи со класифицирана содржина и податоци за следење на комуникации на незаконски начин, односно нелегално прибавување на информации, бидејќи на ниту еден легален начин тој и обвинетите не можеле и не смееле да ги поседуваат.

Македоните од СР Германија изразуваат загриженост од повредата на правата и слободите на граѓаните во Република Македонија со најавите од масовно прислушкување и јавно преслушување на приватните комуникации, како и од можното инволвирање на странска разузнавачка служба која вршела такви незаконски дејствија против македонските државјани.

-Политиката на закани и уцени по основните на демократското општество го нарушуваат угледот на државноста и најмногу им одговараат на непријателите кои работат на непризнавање на државното име и уништување на македонското државно име, идентитет, јазик и култура. Македонците во СР Германија се згрозени од постапките на лидерството на Социјалдемократскиот Сојуз заради штетите по угледот на државата дома и пред меѓународната заедница. Лидерот на најголемата опозициона партија наместо своите легитимно избрани пратеници да ги внесе во светилиштето на демократијата, Собранието на Република Македонија, на најнедоличен начин со уцени и закани, под директива на тајни странски служби кои работат на уништување на нашата татковина, го уценува целиот државен врв, го уценува македонскиот народ.

Ние Македонците, велат, кои живееме во Сојузна Република Германија апелираме до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од обиди за нарушување на јавниот ред и мир заради обвиненијата против четирите лица во полициската акција ПУЧ кои се во истражна и судска постапка и очекуваме јавен и транспарентен судски процес против обвинетите.