Македонците од Италија: Неприфатливо е Заев да ја продава државата за сопствени интереси

Не можеме да веруваме дека постојат вакви несериозни политичари кои прават сценарио и зделки врз грбот на нашата држава, како политичкиот лидер на СДСМ Зоран Заев, реагираат Македонците од Италија, објави Курир.

-За нас како втора најголема Македонска иселеничка дијаспора, која не има од 100.000 до 120.000 илјади Македонски државјани во Република Италија, луѓе кои сме се иселиле токму од ваквите креатори и политичари на СДСМ кои беа навласт и во тој период кога беше најголемото масовно иселување на нас како државјани на Република Македонија. Ние иселениците го негираме, не се согласуваме и не го прифаќаме ваквиот начин на делување од страна на Зоран Заев, начин на делување спротивен на уставот на РМ и сите важечки закони и прописи во РМ, начин на делување кој со сила и на грбот на сите граѓани на РМ сака да оствари сопствен интерес, се вели во соопштението од здружението Балкан со седиште во Местре- Венеција, Италија.

Ваквите омаловажувања, уцени и клевети врз државните институции на Република Македонија и сопствените сограѓани, велат од здружението Балкан, не се прифатливи никаде во светот, а најмалку во Европа и европските држави.

-Ние како здружение на нашите иселеници во Република Италија не сме подржувачи ниту членови на ниедна политичка партија, туку си ја сакаме од се` срце нашатата татковина, се додека ние како здружение остваруваме средби со високи функционери од институциите во Р. Италија, европски парламентарци, инвеститори за доброто на нашите и вашите деца, без никакви сопствени интереси, не прифатливо е лидерот на СДСМ Зоран Заев да ја продава и издава Република Македонија на странски разузнавачки служби заради сопствени интереси за доаѓање на власт. Ние како Македонски иселеници мака мачиме за парче леб, од кои 70% работиме со месеци и месеци, немаме земено плата, но знаеме и умееме како да ги подмириме нашите сопствени трошоци, се додава во соопштението.

За нив, како што велат, неприфатливо и несватливо е Зоран Заев да го блокира Македонскиот Парламент вршејќи насилства и диктатура и врз сопствените сопартијци, пратениците од СДСМ, да не одат на работа и да ги застапуваат интересите на Македонија и посебно интересите на оние кои ги избрале и им ја дале довербата.

-Ова е најсрамен чин во РепубликаМакедонија, вакви политичари кои за сопствен интерес го рушат уставниот поредок во Европа народот им пресудува и никој пат не им ја дава довербата на било какви избори, се додава во реакцијата на здружението Балкан.