Македонците од Канада со поддршка за избори на 5. јуни

Организацијата Обединети Македонци од Канада (UMOC), која е формирана од страна на Македонците од сите делови на Македонија изразија поддршка за одржување на избори на 5. јуни, како и поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија и сите граѓани проклучени кон нив.

Во нивната изјава се наведува дека денес судбината на Македонија повторно виси на конец од дестабилизирачки настани кои се закануваат на нејзиното постоење.

-Се што се случува во и околу Македонија е насочено кон промена на името на Македонија. Целта е да се избрише нашето свето име од нашата свест и да ни се одземе правото на историјата и славата на нашието светио име Македонија, со цел да се даде далеку на друг народ; и на крај, во еден агресивен начин да не негираат како нација и држава. Главната политичка опозициска партија во Македонија стана инструмент и соучесник на странските сили кои сакаат да ја уништат Македонија. Целта на опозицијата е да се дојде до
власт без избори. Нивните методи вклучуваат дестабилизирање на државните институции, бојкотирање на изборите, истурајќи вандализам и хулиганство на улиците. Тие не нудат било каков план или визија за подобра Македонија. Како одговор на тоа, македонските граѓани излегуваат се повеќе и се побројно во сите градови низ Македонија за да го одбијат деструктивното однесување на опозицијата. Граѓаните повикуваат на слободни и фер избори кои треба да се одржат на 5 јуни 2016 година како единствен излез на земјата од политиќчката и институционална криза. Граѓаните, исто така, се повикуваат на странските мисии да не се мешаат во суверенитетот и интегритетот на Македонија. Граѓаните на Македонија нема да дозволат украинско сценарио да се расплетува во нивната земја. UMOC целосно ги поддржува овие граѓани, велат од ООМК.

Македонците во Канада сметаат дека главното тврдење на опозицијата дека нема услови за одржување на избори на 24 април, по што истите се одложија за 5 јуни се докажа дека се невистинити.

-Опозициската партија потоа го искористи одлагањето на изборите за  да ги зголеми тензиите во земјата, и преку  деструктивно однесување да се обиде да ги одложи изборите уште еднаш. Без разлика на се, услови за фер и слободни избори на 5 јуни 2016 година постојат. Најголемиот дел од граѓаните во Македонија сакаат земјата да се движи напред. Тие не сакаат да бидат во заложништво на специјални обвинители,  на манипулации, странска интервенција и бојкотирање на изборите до недоглед, бидејќи тие само може да доведат до уништување на државата. Затоа претседателот Иванов интервенираше на ист начин како што тоа го стори претседателот на САД Форд во 1974 година. Да немаме илузии; САД и ЕУ знаат што е во игра и што е влогот во Македонија. Доколку договорот од Пржино не успее,  тоа ќе биде заради некооперативноста на главната опозициска партија. ЕУ го увиде ова од прва рака кога опозицијата го бојкотираше состанокот свикан од страна на ЕУ за 22 април, 2016 година во Виена, состанок со цел да се продолжи спроведувањето на договорот од Пржино. Најдобар начин за Македонија да излезе од политичката криза, е да се одржат изборите закажани за 5 јуни, 2016 година, со или без учество на најголемата опозициска партија. Најдобар начин за САД и ЕУ да и помогнат на Македонија да продолжи по својот евроатлантски пат, е да ги признаат изборите закажани за 5 јуни , 2016 година, сметаат од  Организацијата Обединети Македонци од Канада.