Македонија

Македонците од Шведска го осудија предавството на Заев

Македонците од Шведска го осудија предавството на Заев

Македонците иселници во кралството Шведска преку соопштение се обратија до целокупната македонска јавност во врска за последните настани што се случуваат во Република Македонија.

– Онаа што Република Македонија со години макотрпно го гради, Соцјалдемократскиот Сојуз сака да го разгради и уништи, и сака да ја донесе државата во ситуација која ќе и донесе несогледливи последици, како на домашен така и на меѓународен план. СДСМ како најголема опозициона партија треба како било друго партија во светот, проблемите да ги решава во собранието на Република Македонија како највисок орган во државата. Политиката на закани и уцени е удирање по основните фундаменти на демократското општество која што најголема бенифиција ќе им донесе на непријателските структури кои работат на непризнавање и уништување на македонскиот нацијонален идентитет, на уништување на македонскиот јазик, македонската култура на македонското постоење, се вели во соопштението.

Лидерот на најголемата опозициона партија, како што сметаат тие, наместо своите легитимно избрани пратеници да ги внесе во светилиштето на демократијата, Собранието на Република Македонија, тој на нај недоличен начин со уцени и закани го уценува целиот легитимно избран државен врв и го уценува македонскиот народ.

-Таквото недржавничко однесување, таквиот манипулативен однос кон сопствениот народ, кон владата која последните неколку години успеа Република Македонија да ја извлече од најтешката транзиција и да ја донесе на врвот заедно со земјите со највисок економски раст, нема ништо добро да и донесат на нашата единствена татковина, стои во соопштението.

Македонците од Шведска апелираат до сите граѓани на Република Македонија да бидат сплотени, да бидат единствени и да не потклекнуваат на сценариото од страна на СДСМ, бидејќи како што се наведува во соопштението – Република Македонија е сé што имаме.