Македонците од Шведска испраќаат помош за поплавените подрачја

Македонскиот сојуз во Шведска започнa со хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Управниот одбор на едно од најголемите друштва во рамките на Сојузот, друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг, донесе одлука да донира 10.000 шведски круни (околу 1.100 евра) за санирање на последиците од поплавите во Македонија. Се очекува во хуманитарната акција да се вклучат и другите македонски друштва и клубови, како двете македонски црковни православни општини во Шведска. Со цел да се интензивираат и поуспешно координраат активностите на собирање хуманитарни средства, се остваруваат низа контакти во разни градови.

Повеќе македонски друштва во Шведска преку социјалните мрежи ги повикаа своите членови и индивидуално да ја подржат оваа акција.