Македонија

Македонците од Србија побараа од Иванов поголема поддршка во образованието

Македонците од Србија побараа од Иванов поголема поддршка во образованието

Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета, во Панчево се сретна со претставници на Националниот совет на македонската заедница во Република Србија кои од него побараа да ги пренесе нивните заложби за што посилно вклучување на матичната земја во образованието на најмладите, објави МИА.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и промовирање на македонскиот јазик, култура и традиција, учеството во општествениот и политичкиот живот.

Борче Величковски, прв човек на Националниот совет на Македонците во Србија рече дека тие бараат посилно вклучување на матичната земја во областа на образованието за да може се работи со најмладите.

– Македонскиот јазик е воведен пред две години во образовниот систем во Република Србија, а борбите и битките сега ги водиме околу правење на букварите и на македонските одделенија, од претседателот Иванов.

Целта на Националниот совет, според него, е преку образованието на македонски јазик да придонесува кон негување и промовирање на македонскиот идентитет кај македонската заедница во Република Србија.