Македонците од Торонто во недела на протест против тиранската платформа

“Македонската заедница од целиот свет е обединета и со еден глас ја отфрла Тиранската платформа и отфрла било какво странско мешање и интервенирање во суверенитетот на МАкедонија. Република Македонија е независна држава и никој нема право да се меша во нејзините внатрешни прашања”, пишува во најавата.

Во текот на изминатиот месец слични собири на Македонци кои протестираат против платформата од Тирана се одржаа во поголем број престолнини низ светот.