Македонците пијат трипати повеќе антибиотици од Исланѓаните

Антибиотиците не се храна за да ја одбираш без лекар. Секоја непотребна примена ја намалува нивната ефикасност, беше речено на денешниот семинар кој што се одржа во Битола.На семинарот беше истакнато дека со кампањата за рационална употреба на антибиотиците се очекува постепено подигнување на јавната свест кај населението и намалување на идните ризици од појавата на антимикробна резистенција.

„Според сознанијата на Фондот за здравствено осигурување се дека двојно повеќе лекови антибиотици се земаат во однос на оние што се земаат на трецепт преку фонд. Ако тоа е точно тогаш сме во земјите кои што најмногу користат антибиотици. Но според мои лични сознанија сепак мислам дека не е толкав број и самите фармацевти велат дека не е толку голем бројот, но сепак тој дел сеуште не го знаеме се испитува“, изјави проф.д-р Никола Пановски , професор на Медицински факултет-Скопје

Антибиотиците се лекови кои се користат за лекување на бактериски инфекции – како што се пневмонија, сепса, туберкулоза, итн – со убивање на бактериите или спречување на нивниот раст. Антибиотиците немаат ефект врз вирусите и не треба да се употребуваат при вообичаени вирусни инфекции како што се настинките и грипот.

Пановски укажа дека масовното користење антибиотици во Македонија делумно е последица на навиките од минатото, што е генерално и дел на менталитетот да се користат доста лекарства.

„ Ние пиеме три пати повеќе антибиотици од инслаѓаните. Се знае дека во Македонија дневно околу 18 луѓе примаат антибиотици меѓу 1000 жители“, додаде Пановски

Антибиотиците се лекови кои се користат за лекување на бактериски инфекции – како што се пневмонија, сепса, туберкулоза, итн – со убивање на бактериите или спречување на нивниот раст. Антибиотиците немаат ефект врз вирусите и не треба да се употребуваат при вообичаени вирусни инфекции како што се настинките и грипот.Тие апелираат до граѓаните

„Како резултат на несоодветната употреба на антибиотиците долги години наназад денеска се соочуваме со резистенција на бактериите кон овие лекови. ЗА да ја сочуваме активноста на антибиотиците и истите да бидат достапни за нас и за да можеме да ги лекуваме тешките инфекции потребно е да апелираме како до населението така и до здравствените работници како пропорционално и рационално да ги користиме антибиотиците. Затоа апелираме дека не секоја инфекција се лекува со антибиотик, посебно не со антибиотик што останал во некоја фиока. Би им препорачала на пациентите да се консултираат со нивниот матичен лекар дали да земат некој антибиотик или не“, изјави прим.д-р Голубинка Бошевска,Центар за јавно здравје Скопје

Семинарот што се одржа во Битола е дел од Кампањата за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција во соработка со Институтот за јавно здравје, ФЗО, а со средства на СЗО и Владата на Кралството Белгија