Македонците се втори по бројност баратели за азил во Исланд

Од вкупно 135 лица што побарале азил во Исланд, први се жители на Албанија (35), а втори се Македонците од кои 15-мина подале документи за да побараат азил во оваа земја, односно 11 проценти од вкупниот број на баратели. Трети се Пакистанците (10 лица побарале азил).
Она што е позитивно за Македонија е што во ниту една од земјите членки на Европската унија, каде 305.715 лица побарале азил во вториот квартал на оваа година, на првите три места по баратели на азил нема македонски граѓани. Најголем процент на баратели на азил во ЕУ имаат државјани на Сирија (30 отсто), па следат Авганистанци (16%)и државјани на Ирак (11%).
 Од соседните земји на Република Македонија, албанските државјани се според процентот на баратели на азил први во Холандија (365 лица од вкупно 2.920 поднесени барања за азил), а трети во Луксембург, Франција, Ирска. Втори според бројот на баратели на азил во Луксембург се државјани на Косово (55 лица или 13 проценти).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.