Македонците точат најевтини горива во регионот

кражбата

Македонците и Босанците точат најевтини горива во регионот, највисоки цени плаќаат Хрватите.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, литар дизел во земјава чини 62 денари, односно 1,01 евро, цената на Еуросупер 98 изнесува 73,5 денари, односно 1,20 евра, а Еуросупер 95 се точи по цена од 72 денари или 1,17 евра. Ако се направи споредба со цената на горивата во регионот, тогаш може да се заклучи дека горивата во Македонија се најевтини во регионот.

Во земјите од регионот кои се дел од ЕУ се плаќаат уште повисоки цени. На пример, Хрватите за Еуросупер 95 плаќаат 1,304 евра, а за литар дизел 1,248 евра. Во Бугарија литар бензин чини 1,186 евра, а дизелот 1,206 евра. Во Грција и Словенија е уште поскапо. Ако ја поминете границата на југ и останете без гориво, ќе треба да одвоите по 1,491 евро за литар бензин, односно 1,219 за литар дизел. Во Словенија литар бензин чини 1,431 евро, а дизелот 1,351 евро.