Македонците во Албанија не сакаат да го изучуваат македонскиот јазик како странски

Во февруари годинава Kомитетот на министрите на Советот на Европа донесе Резолуција со која на целата територија на Албанија се овозможува школување на припадниците на македонското национално малцинство на свој мајчин јазик од најрана возраст,пишува Дневник. Истото се однесува и на припадниците на другите малцинства, како што се грчкото или српско-црногорското. Дали Албанија, која неодамна доби од ЕУ кандидатски статус, ќе го почитува словото на Стразбур, засега е неизвесно, но ако се суди според расположението кај малцинствата, атмосферата не е оптимистичка.

– За Резолуцијата во Албанија владееше целосен молк. Не ја објавија ниту институциите ниту ја пренесоа медиумите. Единствено за неа информирa еден весник, кој излегува на англиски јазик, и толку. Тирана воопшто ја нема променето својата политика во однос на малцинствата, а тоа значи и за нас Македонците.

Тие признаваат постоење македонско малцинство само во Преспа, што значи дека и само таму ќе може да се изведува образовниот процес на македонски јазик, а во другите места ќе може да се изучува како втор изборен странски јазик со англискиот и францускиот. Ние не го прифаќаме тоа – вели Васил Стерјовски, од раководството на Македонска алијанса за европска интеграција.

Целиот текст прочитајте го тука.