Македонците во Белгија немаа црква да го прослават Божик

Вчера вратите на Црковните простории на  Сент Мишел во Брисел останаа затворени за  македонците со православна христијанска вероисповест кои веке неколку години токму тука традиционално го прославуваа најголемиот Христијански празник Христовото раѓање –Божик.

Иконостасот на Црквата Свети Илија пред која православните христијани се причестуваа за време на божикните пости , оваа година не беше поставен, причината за –ако може да се нарече затворање на Црквата-според организациониот одобор е помалку неверојатна.

„Оваа година Божик се паѓа во работен ден“, рече председателот на Македонската дијаспора во Белгија Зоран Петковски.

Тој сепак експлицититно објасни дека организациониот одбор донел самостоен заклучок – „за прослава најголемиот христијански празник немало интерес“.

Односно, според нивното искуство бројот на верниците кои би дошле на Божикната литургија ке бил мал . Од  тука лесно се донесува заклучокот дека всушност организаторите оцениле дека  ке имаат мал профит за  да ги постават своите „тезги“ а од друга страна  за тоа би требале да земаат и слободен ден од работните места. Инаку Цркавата Сент Мишел со години наназад бесплатно ги одстаспува своите простори, а според  Петковски веќе било договрено да дојде и свештено лице од Струмичката епархија.

Во ваква ситуација кога одбележувањето на Хрстовото раѓање-ке премине во водење на бизнис, на вистинските верници од македонската дијаспира не им преостануваше ништо друго, освен  причестувањето да го сторат во други православни цркви-најчесто Руската-јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.